20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Ryanair“ очекува поголема загуба за годинава поради омикрон

„Ryanair“ очекува поголема загуба за годинава поради омикрон

„Ryanair Holdings“ очекува поголема загуба за целата година од првично предвиденото, откако појавата на варијантата омикрон на Ковид-19 ја втурна европската туристичка индустрија во нова неизвесност, пишува „Bloomberg“.

Ирската нискобуџетна компанија сега очекува нето загуба од 250 милиони евра до 450 милиони евра во 12-те месеци до март, се вели во соопштението. Пред тоа, авиокомпанијата прогнозираше меѓу 100 и 200 милиони евра.

„Варијантата омикрон и ограничувањата за патување наметнати од европските влади во последно време значително ги ослабнаа резервациите за Божиќ и Нова Година“, соопшти „Ryanair“, кој ќе го намали својот капацитет за 33 отсто во јануари.

Ова е уште една компанија во туристичкиот сектор која ги намалува своите прогнози, бидејќи новата верзија на коронавирусот ги поткопува новите надежи за обновување на туризмот. Лондонскиот аеродром Хитроу претходно овој месец соопшти дека патниците најверојатно ќе достигнат само половина од нивото пред пандемијата во следната година.

Британија се насочува кон Божиќ, борејќи се со зголемените нивоа на заболени со коронавирусот, при што дневниот број на заразени го надминува прагот од 100.000 за прв пат од почетокот на пандемијата. Иако британската влада досега се воздржуваше од наметнување построги ограничувања дома, некои други земји веќе презедоа акција за да ги блокираат оние што пристигнуваат од Британија.

„Ryanair“ соопшти дека минатонеделната забрана за влез на британски туристи во Франција и Германија имала големо влијание врз очекувањата за нејзината побарувачка и суспензијата на летовите од ЕУ до и од Мароко. Сега компанијата очекува нејзиниот сообраќај за декември да достигне 9-9,5 милиони патници во споредба со 10-11 милиони кои претходно беа прогнозирани.

Прогнозата на „Ryanair“ за сообраќај во текот на целата година најверојатно ќе биде нешто помалку од 100 милиони патници, во споредба со претходните очекувања од нешто повеќе од 100 милиони, соопшти авиокомпанијата.

„Сè уште немаме одлучено дали ќе го намалиме нашиот капацитет за февруари и март следната година, но тоа ќе го разгледаме следниот месец, кога ќе бидат достапни уште научни информации“, соопшти „Ryanair“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП