Буџетот на руската енергетска компанија „Газпром“ за 2022-ра година обезбедува претпазлив поглед на цените на природниот гас, и покрај рекордните високи трошоци за енергија на нејзиниот главен извозен пазар, нема јасни знаци дека енергетската криза во Европа избледува, пишува „Bloomberg“.
Компанијата предвидува нето добивка за 2021-ва година од над 2 трилиони рубљи (23 милијарди евра), како и рекордно високи приходи од над 8,2 трилиони рубљи (92 милијарди евра).
„Нето добивката ќе ја достигне максималната вредност за целото постоење на компанијата, која ќе надмине 2 трилиони рубли“, изјави заменик-претседателот на УО на „Газпром“ Фамил Садигов.
„Во исто време, нето добивката за првите девет месеци од 2021-ра година веќе изнесува 1,55 трилиони рубли, што ги надминува резултатите од која било друга претходна календарска година“, додаде тој.
Рускиот производител на гас го базира својот буџет за 2022-ра година на, како што ја нарекува, „конзервативната“ извозна цена од 296 долари за 1.000 кубни метри, според презентацијата на компанијата за време на состанокот со инвеститорите во средата.
„Газпром“ традиционално е внимателен во своите буџетски проценки, велејќи дека тоа помага да се ублажи влијанието на нестабилните цени. Во својот буџет за 2021-ва година, компанијата направи сличен резервиран план за извозни цени од 250 долари, кој не се реализираше. Просечната извозна цена на производителот за 2021-ва година е всушност многу повисока, над 280 долари, вели Садигов.
Конзервативниот буџет на „Газпром“ за 2022-ра година беше претставен во позадина на тековната енергетска криза во Европа – нејзиниот главен пазар. Ова ги натера фјучерсите за гас со кои се тргува во центрите низ Стариот континент на рекордно ниво во последните месеци.
Ограничените испораки од Русија значат дека Европа мора да се потпре на своите речиси целосно исцрпени складишни капацитети додека континентот се обидува да и сврти грб на нуклеарната енергија во потрага по повеќе гас за да ја пополни празнината.
Изгледите за испораките на гас во Европа, исто така, не изгледаат многу подобри во следната година.
Компанијата очекува извозна цена од 296 долари за сите свои странски пазари во следната година, вклучувајќи ги Европа, Турција и Кина, како и земјите од поранешниот Советски Сојуз.
Буџетот на „Газпром“ за 2022-ра година предвидува вкупен извоз од 227 милијарди кубни метри или околу 2% над нивото на кое се базира буџетот за 2021-ва година.
И покрај претпазливоста на „Газпром“ околу проценките на извозните цени, компанијата сепак очекува да забележи рекорден профит за оваа и следната година поради гасната криза во Европа и последователниот засилен раст на цените.
„Ситуацијата со цените, во комбинација со нашите добро развиени политики за снабдување, ја направи оваа година една од најуспешните за групацијата „Газпром““, рече Садигов.