26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„ING“ го напушта пазарот на банкарство на мало во Франција

„ING“ го напушта пазарот на банкарство на мало во Франција

Холандската компанија за финансиски услуги „ING“ ќе го напушти банкарскиот пазар на мало во Франција, соопшти компанијата, цитирана од „Reuters“.

Оваа одлука е резултат на стратешкиот преглед, кој беше објавен во јуни 2021-ва година, потсетува новинската агенција.

Одлуката може да доведе до губење на 460 работни места доколку не се најде друго решение, како на пример продажба, наведува агенцијата.

„ING“ преговара со други компании за портфолиото на клиенти на француското банкарство на мало. Францускиот весник „Les Echos“ претходно објави дека „SocGen“, „Credit Agricole“ и „Credit Mutuel“ се заинтересирани за имотот на „ING“.

„Вработените во „ING“ во Франција денеска беа информирани за исходот од стратегискиот преглед. Со локалните синдикати е договорен социјален план за нашите 460 погодени вработени. Социјалниот план е предмет на одобрување од француското Министерство за труд“, велат од холандската групација.

Компанијата соопшти дека ќе продолжи да работи со својот банкарски бизнис на големо во Франција.

„ING France“ има вкупно околу 700 вработени, од кои две третини работат во банкарство на мало.

Холандската компанија наведува дека нејзината одлука да го напушти францускиот пазар на банкарство на мало ќе доведе до одредби за реструктуирање во резултатите за четвртиот квартал од 2021-ва година.

Компанијата „ING“ е активна на францускиот пазар на банкарство на мало од 2000-та година, почнувајќи како онлајн банка. „ING France“ моментално опслужува околу 1 милион клиенти со тековни сметки, хипотеки, потрошувачки кредити и инвестициски производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП