29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАEdge - Телефон кој (скоро) никој не го сака

Edge – Телефон кој (скоро) никој не го сака

edge telefon

Иако „Ubuntu Edge“ на почетокот на кампањата на интернет страната „Indiegogo“ предизвика рекордна донација и невиден интерес, „Canonical“ не успеа да собере доволно пари за изработка и лансирање на овој паметен телефон.

Компанијата за изработка на софтвер „Canonical“ со помош на „Indiegogo“ се обиде бројните фанови на смартфони да ги убеди да донираат пари и да ја поддржат изработката на уредот „Ubuntu Edge“.

Станува збор за нова генерација на смартфон и десктоп компјутер во сосема нов уред, истакнуваа раководните лица на „Canonical“. Со неколку претставувања на „Edge“ и агресивната кампања, овој уред за првите 24 часа собра рекордни 3.5 милиони долари.

Меѓутоа, првичното воодушевување беше со краток век и „Canonical“ неуспеа да ја собере конечната сума од 32 милиони долари. По истекот на рокот за донации конечната бројка изнесуваше 12.8 милиони долари, што беше премалку за изработка на „Edge“.

„Ubuntu Edge“ требаше да биде уред со екран од 4.5 инчи со резолуција од 1.280 x 720 и дисплеј од стопроцентен сафир. Планирано беше да има камера од 8MP на задната страна и помала од 2MP на предната страна.

Парите кои беа собрани во текот на кампањата ќе бидат вратени на сите оние кои ги донирале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП