18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаврши сагата, Бејл во Реал за 99 милиони

Заврши сагата, Бејл во Реал за 99 милиони

bale

Денеска Реал Мадрид официјално ќе објави дека постигнале договор со Тотенхем за Герет Бејл. Како што беше најавено тоа ќе се случи по вчерашниот натпревар за трофејот „Сантијаго Бернабеу“, за да не се засени последниот натпревар во „кралскиот“ дрес на легендата Раул.

Според шпанските медиуми цената на трансферот е 99 милиони евра, со што Велшкиот репрезентативец ќе стане најскапиот фудбалер во светот.

Во 2009-та година Реал Мадрид го доведе Кристијано Роналдо со трансфер вреден 96 милиони евра, која досега го држеше светскиот рекорд.

Се очекува Герет Бејл да потпише договор со клубот до крајот на неделава, но има опција тој да пристигне во Мадрид и во почетокот на следната. Велшанецот ќе го облече дресот со број 11, кој во овој момент нема сопственик.

Тотенхем одамна започна да ги троши парите од трансферот на Бејл. Лондончани го купија Роберто Солдадо за 30 милиони евра, а веќе се блиску и до потписот на бразилскиот напаѓач Вилиан од Анжи Махачкала. Се очекува неговиот трансфер да го надмине оној на шпанскиот голгетер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП