27 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИЦелта е нашите вработени да бидат среќни – изјави директорот на...

Целта е нашите вработени да бидат среќни – изјави директорот на една од нашите најуспешни компании, фабриката за акумулатори ТАБ МАК ДООЕЛ од Пробиштип

Минатите две години беа период на неочекувани промени, поинакви приоритети, големи предизвици и нови начини на меѓусебна комуникација и размислувања, но и можност за стекнување со нови знаења.

Овие промени, ни дадоа шанса да дознаеме за нови начини како да ги подобриме условите и бенефициите за вработените лојални на нашата компанија. Од таа причина одлучивме да обезбедиме доброволно пензиско осигурување за нашите вработени и да организираме професионална пензиска шема. Со ова ТАБ МАК сака да испрати јасна порака дека е работодавец кој постојано бара иновативни начини како дополнително да ги мотивира своите вработени, да ги задржи вредните работници и што е многу значајно, да привлече нови квалитетни кадри.

Водејќи се од нашите приоритети, направивме истражување на пазарот за доброволно пензиско осигурување и донесовме одлука да организираме доброволна пензиска шема за вработените кај компанија која е општествено одговорна, транспарентна и веќе етаблирана на пазарот. Нашиот избор е Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

“Сметаме дека доброволното пензиско осигурување отвара пат за подобри примања на нашите вработени во иднина, при тоа користејќи даночни ослободувања од државата. Целта е нашите вработени да бидат среќни и со тоа да се осигура нивната лојалност на компанијата и да се фокусираат на остварување на деловните цели. Со ова добивме можност да бидеме општествено одговорен работодавец и позначајно да влијаеме на посигурна иднина за нашите вработени“, изјави Петер Верчко, Директор на ТАБ МАК ДООЕЛ, фабрика за акумулатори од Пробиштип, една од најуспешните македонски компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар