27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапленет автобус со фалсификат документација кој се движел од Скопје кон Истанбул

Запленет автобус со фалсификат документација кој се движел од Скопје кон Истанбул

Вчера околу 17 часот полициски службеници одзеле автобус, соопственост на фирма од Скопје, кој се движел на релација Скопје-Истанбул.

Автобусот бил затекнат на наплатната станица Миладиновци, а управуван од З.М. (56).

Полицијата го одзела возилото поради основано сомнение дека е направен фалсификат по регистрација и број на шасија. Исто така поради сомнение дека возачот нема лиценца за меѓународен транспорт известени се надлежните инспектори од Државниот инспекторатот за транспорт за постапување, велат од МВР.

Во тек е документирање на случајот, за кој следуваат соодветни поднесоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП