3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЌе стартува производството на Omate Truesmart

Ќе стартува производството на Omate Truesmart

omate

Креаторите на „Omate Truesmart“, паметниот часовник со вградена камера од 5 мегапиксели, ќе започнат со масовно производство на овој уред, откако успеаа од фановите да ги соберат потребните пари.

Уредот успеа да собере повеќе од 100.000 долари на „Kickstarter“, a неодамна тоа им успеа на уште едни креатори на паметен часовник наречен „Pebble“ кои обезбедија 10 милиони долари за неговото производство.

За разлика од другите часовници на пазарот „Truesmart“ поседува и слот за микро СИМ картичка за да може да го користи нејзиниот 3G чип.

Ова на корисниците ќе им овозможи да извршуваат повици и да користат интернет без да го поврзат часовникот со таблет или смартфон, иако има и таква опција.

Часовникот ќе работи на „Android 4.2.2“, а ќе поседува 1.5 инчен екран чувствителен на допир, а тоа што е интересно е податокот дека исто така ќе биде отпорен на вода, што значи дека може да остане на раката во текот на пливањето или нуркањето.

Кога просторот за складирање е во прашање, тој изнесува 4GB, но може да се зголеми со користење на microSD картичка од 32GB.

Еден од основачите на компанијата „Omate“ изјави дека развојот на овој часовник траел 18 месеци и дека веќе имаат фабрика во Кина која е подготвена да започне со неговото производство.

Креаторите на часовникот планираат цената на „Truesmart“ да биде 299 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП