26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска за влез во Грција само со негативен ПЦР тест

Од денеска за влез во Грција само со негативен ПЦР тест

Од денеска, секој што сака да влезе во Грција ќе мора да има негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.

Ова, како што се наведува, важи и за вакцинираните лица и е дел од напорите да се сузбие ширењето на пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет PLF формулар се задолжителни за влез во Грција.

Конкретните обврски за патување важат и за возрасните, но и за децата со наполнети пет години.

Исклучок од оваа мерка се вакцинираните кои имаат сертификат за вакцинација со поминати 14 дена и оние кои прележале Ковид-19 и имаат потврда што важи 30 дена по првиот позитивен резултат и до 90 дена подоцна.

Од кај нас кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос на бројот на посетители или во однос на работното време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП