26 април, 2024
ПочетнаКОРОНААмериканскиот ЦДЦ ги препорача вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ наместо „Џонсон и...

Американскиот ЦДЦ ги препорача вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ наместо „Џонсон и Џонсон“

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) им препорача на Американците да изберат една од двете други овластени вакцини против Ковид-19 наместо „Џонсон и Џонсон“, поради ретки, но понекогаш фатални случаи на згрутчување на крвта.

Потегот на ЦДЦ следеше откако неговиот советодавен одбор за имунизација едногласно ја изгласа препораката за вакцините на „Модерна“ и на „Фајзер/Бионтек“ наспроти „Џонсон и Џонсон“.

Од повеќе од 200 милиони целосно вакцинирани луѓе во Соединетите Американски Држави, околу 16 милиони ја примиле вакцината „Џонсон и Џонсон“, според податоците на ЦДЦ.

„Џонсон и Џонсон“ соопшти дека безбедноста на оние кои ја користат нивната вакцина е главен приоритет.

Случаите на тромбоза со синдром на тромбоцитопенија, кој вклучува згрутчување на крвта придружено со низок број тромбоцити, претходно биле пријавени кај приматели на вакцината на „Џонсон и Џонсон“. Највисоки стапки се пријавени кај жени под 50 години.

ЦДЦ соопшти дека стапката на вакви инциденти е повисока од претходно проценетата, и кај жените и кај мажите. Агенцијата идентификуваше повеќе од 50 такви случаи во САД, околу 3,83 случаи на милион примени дози на „Џонсон и Џонсон“.

Најмалку девет лица починаа по инциденти со згрутчување на крвта во Соединетите Држави, соопшти ЦДЦ.

Членовите на Комитетот, исто така, рекоа дека вакцината на „Џонсон и Џонсон“ е помалку ефикасна во спречувањето на Ковид-19 од другите две одобрени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП