3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHyundai очекува летечки такси до 2030 година

Hyundai очекува летечки такси до 2030 година

Освен со автомобилизам, јужнокорејскиот бренд се занимава и со роботика, но и со развој на авиони.

Од Hyundai се убедени дека на крајот на тековната деценија ќе заживее секторот „летечки автомобили“, односно помали авиони наменети пред се за урбаните средини. Минатата година во сојуз со Uber го претставија S-A1 – концептуално летало кое треба да биде вовед во целата приказна.

Корејците наведуваат дека работите на авионот напредуваат добро и дека очекуваат првиот комерцијален лет да го направи во 2028 година.

„Сметаме дека воздушниот сообраќај ќе овозможи помали проблеми на патиштата, како и дека ќе помогне да се намали емисијата на штетни гасови. Со нашите авиони ќе биде возможен превоз во самиот град, но и меѓу населените места“, изјави Мајк Кол, шеф на програмата на Hyundai за овие урбани авиони.

Во ноември, Hyundai создаде нова компанија – Supernal, чија цел е развој и производство на овие средства. Според досегашните податоци, првиот авион ќе има ограничување на летот на 600 m надморска височина, максималната брзина треба да биде 290 km/h и ќе се движи, се разбира, исклучиво од електромотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП