26 април, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИСтабилизација на доларот после извештајот на Федералните Резерви

Стабилизација на доларот после извештајот на Федералните Резерви

dolar

Два дена американскиот долар беше лидер на финансискиот пазар како резултат на записникот на Федералните Резерви на САД.

Американскиот долар веќе втор ден растеше во однос на останатите главни валути на финансискиот пазар како резултат на записникот на Федералните Резерви на САД во кој се напоменува дека централната банка наскоро ќе започне со воведување на стимулативната програма.

Доларот расте во однос на еврото или поточно се консолидира, така да EUR/USD достигнa цена од 1,3298.

Во записникот на Федералните Резерви се наведува дека е неопходно воведувањето на стимулативната програма за купување на обврзниците, но сепак не е напоменето точно од кога би се вовела програмата, што ни остава сеуште мал сомнеж за стабилизирањето на доларот.

Позитивните извештаи на ФЕД индиректно влијаат позитивно и врз европската економија при што вчера излегоја и доста оптимистички податоци за производството во еврозоната и тоа над очекуваните 50,8 поени со резултат од 51,3 поени за Август од претходните 50,3 за месец Јули. Притоа следеше благ скок на EUR/USD од најниската цена 1,3298 на 1,3345.

Исто така стигнаа позитивни податоци за услужниот сектор во еврозоната резултирајки со 51 поени од минатомесечните 49,8 додека аналитичарите предвидуваа раст само до 50,2 поени.

Доларот во однос на јапонскиот јен или USD/JPY се искачи на 99.00 и е највисоко ниво во последните 3 недели, GBP/USD со пад до 1,5575, USD/CHF се искачи до цена 0,9276, USD/CAD забележа раст до 1,0493, AUD/USD наиде на појака поддршка на цена 0,8988 и NZD/USD со најниско ниво на цена од 0,7809.

Генерално индексот на доларот кој се пресметува во сооднос со сите други главни валути порасна за 0,40% до 81,68.

Во секој случај ништо позначајно не ни укажува дека доларот ќе продолжи да расте во однос на другите валути, посебно валутниот пар EUR/USD според техничката анализа сеуште останува во нагорен тренд и да претпоставиме дека падот во претходните два дена е резултат на корекција?!

 

Сдречно,

Адмирал Маркетс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП