24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТесла ќе прифаќа догикоини

Тесла ќе прифаќа догикоини

Криптовалутата догикоин, инспирирана од меме, нагло порасна за дури 23 отсто во вторникот, откако Илон Маск рече дека Тесла ќе прифати догикоин како плаќање за дел од својата роба.

-Тесла ќе овозможи некоја стока да се купи со догикоини и да видиме како ќе оди – рече во твит извршниот директор на производителот на електрични автомобили.

Маск често зборуваше за догокион, нарекувајќи го неговата омилена дигитална монета и спомнувајќи ја во настап во емисијата „Saturday Night Live“ на NBC.

Догикоинот првично беше започнат како шега од неговите креатори Били Маркус и Џексон Палмер во 2013 година.

Твитовите на Маск и зголемениот интерес за бранот аматерски инвеститори предизвикаа интерес за оваа криптовалута на почетокот на оваа година, зголемувајќи ја нејзината цена.

Догикоин вредеше само дел од пени на почетокот на годината, но се искачи на рекордно високо ниво од над 74 центи во мај.

Оттогаш драстично падна – на само 20 центи, за повеќе од 70 отсто од највисокото ниво на сите времиња.

Некои крипто-инвеститори велат дека феноменот на догикоин е сличен на „меме-акциите“ како GameStop и AMC и не треба да се сфаќа сериозно.

„Всушност, не сум убеден дека догикоинот е добар за крипто-пазарот“, изјави за CNBC минатиот месец Бред Гарлингхаус, извршен директор на крипто компанијата Ripple.

Догикоин неодамна доби ривал во шиба ину, меме токен кој се смета за „убиец“ на догикоинот. Шиба ину моментално е 13-та најголема монета по пазарна вредност, откако накратко во еден момент го надмина догикоинот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП