2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНова друштвена мрежа Hatebook

Нова друштвена мрежа Hatebook

hatebook1

Оваа мрежа е осмислена на сличен принцип како и „Facebook“, само што луѓето на оваа мрежа доаѓаат кога сакаат да ги мразат сите и да го изразат својот став за тоа.

„Hatebook“ е место каде можете да објавите лаги за своите пријатели и непријатели, да се потсмевате со нив, „фрлите“ „хејт“, трачарите, да тагнувате непријатели и да се зачлените во кланот на „мразители“.

Новата друштвена мрежа која во суштина не е, како што сакаат да кажа основачите, „Hatebook“ им овозможува на корисниците јавно да мразат и да го изразат својот став за прашања кои не ги сакаат. Доколку некој ве „замара“, некој ве нервира, имате проблем некого да слушате или гледате, тогаш „Hatebook“ е вистинско место тоа да го споделите.

Регистрирајте се и почнете да „фрлате“ „хејтови“, толку лесно. „Hatebook“ ги поврзува „хејтерите“ ширум светот на основа на вклучената адреса и покажува каде се околните „хејтери“ и кого мразат.

Можете да пишувате трачеви, за прикачите слика на некого или нешто што ве нервира, да пишувате на други корисници и да оставате статуси со „хејтови“. Во суштина е многу слична на „Facebook“ и другите друштвени мрежи, само што тука луѓето се поврзани со различни „друштвени разбирања“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП