7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Nike“ ја купува компанијата за виртуелни патики „RTFKT“

„Nike“ ја купува компанијата за виртуелни патики „RTFKT“

„Nike“ објави дека ја презема компанијата за виртуелни патики „RTFKT“, но не ја објави сумата, додека гигантот за спортска облека се подготвува брзо да го зголеми својот отпечаток во брзорастечкиот метаверзум.

Во ноември, „Nike“ стана првиот голем бренд кој влезе во заедничкиот виртуелен свет, кој се здоби со поголема популарност откако „Facebook“ неодамна се ребрендираше во „Meta Platforms“.

Во таква средина заснована на блокчејн технологија, потрошувачите можат да купат виртуелно земјиште и други дигитални средства, како што е облеката за аватари. Тие се во форма на криптовалути наречени незаменливи токени (NFT).

Основана во 2020-та година од Беноа Пагото, Крис Ли и Стивен Василев, „RTFKT“ исто така прави „NFT“ и мемиња, според нејзината веб-страница.

„Оваа аквизиција е уште еден чекор што ја забрзува дигиталната трансформација на „Nike“ и му овозможува да им служи на спортистите и креаторите на раскрсницата на спортот, креативноста, игрите и културата“, рече извршниот директор на „Nike“, Џон Донахју во изјавата.

Купуваењето на „RTFKT“ е уште еден потег за „Nike“ во метаверзумот. Во ноември, таа објави дека создала виртуелен свет на платформата за игри „Roblox“, која беше моделирана како нејзино седиште.

И набргу откако „Facebook“ стана „Meta“, стана јасно дека „Nike“ сака да го заштити својот бренд на виртуелни добра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП