3 ноември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„British Airways“ наскоро може да ги наполни своите авиони со рециклирано масло...

„British Airways“ наскоро може да ги наполни своите авиони со рециклирано масло (ВИДЕО)

Авио-превозникот „British Airways“ објави дека потпишале договор со рафинерија во Обединетото Кралство за купување одржливо воздухопловно гориво што може да се произведува од обновливи суровини, вклучувајќи отпадни растителни масла, масти и маснотии.

Договорот ја прави авиокомпанијата прва во светот што користи одржливо воздухопловно гориво произведено на комерцијално ниво во Обединетото Кралство.

„British Airways“ има за цел да постигне нето нула емисии на јаглерод до 2050-та година, а новото гориво ќе биде голем дел од оваа амбициозна задача, заедно со неутрализирање на емисиите на јаглерод.

Авиокомпанијата забележува дека новото гориво ќе помогне да се намалат емисиите на „CO2“ за речиси 100.000 тони. Ова е еквивалент на напојување на 700 летови со нето-нула емисии на „Boeing 787“ меѓу Лондон и Њујорк.

Според Шон Дојл, претседател и извршен директор на авиокомпанијата, таа има за цел 20% од летовите до 2030-та година да бидат со одржливо воздухопловно гориво, известува „T + L“.

„Развојот на одржливо воздухопловно гориво е главен фокус за нас и е дел од нашата посветеност за постигнување нето нула емисии на јаглерод до 2050-та година преку серија краткорочни, среднорочни и долгорочни иницијативи“, додаде тој.

Иако ова е секако огромен чекор напред, одржливите горива треба да поминат долг пат пред да станат вистинска финансиска опција за сите авиокомпании, а тоа веројатно ќе биде придружено со регулативи и даночни стимулации за повеќе авиокомпании.

„Во моментов, цената на одржливото воздухопловно гориво, сама без никакви стимулации, би чинела можеби четири или пет пати повеќе од постојните нафтени горива, и тоа не е одржливо за индустријата“, изјави в.д. директорката за „Aviation Today“, Валери Рид од „Bioenergy Technologies“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП