2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАZTE Open на продажба во САД и Британија

ZTE Open на продажба во САД и Британија

zte open

Минатиот викенд „ZTE“ овозможи ексклузивна продажба на смартфонот „ZTE Open“ по пат на „eBay“. За многу кратко време овој паметен телефон беше распродаден.

Продажбата започна на 16-ти август и траеше на територијата на Америка до 17-ти август. За тоа време во САД беа продадени 985 уреди по цена од 79,99 долари.

Додека пак за корисниците во Велика Британија акцијата траеше до 19-ти август, а за тој период беа продадени 990 примероци од моделот на „ZTE“ и тоа по цена од 59,99 фунти.

Понудените уреди кои се најдоа на продажба беа отклучени за сите мрежи и беа во својата препознатлива портокалова боја.

Оваа акција немаше во план да собори рекорди во продажба, туку да анализира дали постои побарувачка за смартфони кои работата на оперативниот систем на „Firefox“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП