19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНов канцелар - нова лимузина: Во што ќе се вози Олаф Шолц?...

Нов канцелар – нова лимузина: Во што ќе се вози Олаф Шолц? (ФОТО/ВИДЕО)

Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе добие нов службен автомобил со специјална заштита.

„Mercedes-Benz S 680 Guard“ е целото име на блиндиран автомобил кој германските даночни обврзници ги чини најмалку 547.400 евра.

Инаку, овој модел не е направен исклучиво за Шолц, како што е случајот со некои слични државни лимузини, како онаа што ја користел американскиот претседател. Возилото е достапно за сите оние кои можат да си го дозволат.

За „обичната“ верзија на „Сlass S“ потребни се 50 часа работа, а за „Guard“ – 50 дена! Сè започнува со изградба на „кафезот“ од специјален челик, јаглеродни влакна и стакло ламинирано со непробојна фолија дебела десет сантиметри.

Потоа на возилото се монтира фабричкото тело. Резултатот ги исполнува највисоките стандарди: државните инспектори испукаа над 300 истрели од автоматска пушка во лимузината и активираа 12 килограми пластичен експлозив до неа пред да и дадат сертификат „VR10“.

Покрај балистичката заштита, оваа „Сlass S“ има и гуми отпорни на дупчење, автоматски апарат за гаснење пожар и систем за компримиран воздух кој може да спречи навлегување на отровни гасови.

Идејата беше да се задржи формата на производство бидејќи повеќето од овие возила, „Mercedes“ ги продава на клиенти кои се во опасност, како шефови на држави, но сакаат да останат незабележани од јавноста.

„Mercedes“ го награди „Guard“ со најголемиот и најмоќниот мотор што се нуди – 6.0 V12 со 450 kW/612 ks, кој развива максимални 830 Nm.

Просечно троши 19,5 литри бензин (емисии на „CO2“ од 442 g/km).

Додека стандардната „S-Class“ постигнува електронски ограничени 250 km/h, „Guard“ речиси „едвај“ достигнува 190 km/h, но со маса од 4,3 тони тоа е разбирливо.

Поради зголемената тежина, многу технологија и акцентот на свиоци, „Mercedes“ им нуди на клиентите посебен курс за возење за овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП