Неодамна, група истражувачи пронајдоа не само една, туку дваесет и четири планети на кои може да се наоѓа цивилизација како нашата. Всушност, тие дури рекоа дека овие планети се подобри од Земјата.
Истражувањето го направи тим од Државниот универзитет во Вашингтон. Тие лоцираа 24 планети надвор од нашиот Сончев систем кои не само што се слични на Земјата, туку всушност на некој начин подобри од Земјата. Истражувачите не бараа само живот, туку планети кои би можеле да бидат добар дом за нив.

