6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗамрзнатите цени на крстопат помеѓу стандардот на граѓаните и профитот на бизнисмените!

Замрзнатите цени на крстопат помеѓу стандардот на граѓаните и профитот на бизнисмените!

Владината одлука за замрзнување на цените – во јавноста предизвика низа различни ставови и мислења, за тоа  каков ефект ќе има оваа одлука врз граѓаните. Првата дилема секако е дали предолго се чекаше да се зголемат цените па дури потоа да се замрзнат, и што добиваат граѓаните, но и дали загубите на стопанствениците ќе бидат големи и тешко надоместливи. Засега не може никој точно да каже, ефектите од мерката, цените на одредени прехранбени производи да се стават под „мраз“ до 31 јануари 2022 година ќе се анализираат кон крајот на првиот квартал од идната година.

Граѓаните со замрзнатите цени на дел од прехранбените производи ќе избегнат ценовни шокови, но стопанството оваа одлука ја дочека како финансиски удар врз нивните компании. Организацијата на потрошивачи меѓу првите алармираше за растот на цените, и пред еден месец побара од властите да ги замрзне цените на производите на определено време. За нив сите граѓани ќе имаат бенефит од оваа мерка, односно целта е да се заштитат потрошувачите, и да може секој да си дозволи да купи производи кои се потребни за секојдневниот живот на граѓаните.

Организација на потрошувачи

„Бизнис секторот забележавме дека се буни во последниве денови има изјави за медиумите, но ние сметаме дека тоа ќе биде во полза на потрошувачите бидејќи сите ние ги користиме основните прехранбени производи. Со оваа мерка се заштитени потрошувачите од повисоки цени поради економската криза во која се наоѓаме. Додека трае мерката односно до 31 јануари 2022 година се надеваме дека ќе има стабилизација на цените, ако не повторно би апелирале на замрзнување на цените со цел да се заштитат граѓаните.“

Стопанствениците го вкучија црвениот аларм ден по владината одлука за замрзнување на цените. За нив оваа мерка ќе предизвика негативен ефект во економијата. Поради повисоките трошоци за производството ќе бидат принудени да произведуваат помалку, можно е да се случи дефицит на производи, односно во продавниците да нема доволно млеко, леб, шеќер, зејтин и слично. Граѓаните според нив нема воопшто да бидат заштитени особено сиромашните бидејќи замрзнатите цени важат еднакво за сите категории на граѓани.

Сојуз на стопански комори

„Ограничувањето на цените директно ќе предизвика ефект на празни полици во снабдувачките центри насекаде низ државата. Имено на многукратните зголемени трошоци во производните процеси, при забрана за зголемување на цените на крајните производи единсветено можно решение е прекин на производството и отпуштање на вработените. Исто така ќе биде можно и стимулирање на сивата економија бидејќи во неможност производите да се набават по регуларен пат граѓаните ќе бидат приморени да ги набавуваат по друг пат што ќе донесе до формирање на цени што се многу повиоки од реалните, но и ќе влијае врз квалитетот на производите.“

Бизнис заедницата побара мерката да биде заменета со други модели како замрзнување на маржите, субвенции за компаниите кои не можат финансиски да го издржат притисокот од повисоките трошоци, директна помош за погодените граѓани особено сиромаштите и лицата со ниски примања. На овој начин и граѓаните нема да го почувствуваат ценовниот удар, и комапниите ќе немаат финансиски последици по нивното работење.

Стопанска комора на Северозапанда Македонија

„Ние како Комора сме на став дека цените треба да бидат флексибилни, бидејќи и ние имаме разбирање кон граѓаните. Имајќи предвид дека економското прашање на држава има големо значење, но за нас важно е овие цени да бидат со соодветна мерка бидејќи се соочуваме со зголемување на трошоците за наши производи, што значи дека на некој начин сме принудени да ги менуваме цените во негативен аспект, односно да ги зголемуваме “

Листата на замрзнати производи засега останува иста, иако властите најавија дека е можно таа да се прошири. Проекциите на Министерството за финансии се дека веќе од следната година цените ќе почнат да се стабилизираат или нема да се очекува повторно да поскапуваат. На некоја од следните владини седници Министерот за економија Крешник Бектеши најави декиа дека на владата ќе и предложи да се замрзнат цените и на оризот, јајцата и тестенините. На ниво на први декември засега замрзнати се цените на лебот, брашното, млекото, шеќерот, маслото за јадење, месото и сувомеснатите производи.  Светската организација за храна во последната година секој месец регистрираше раст на цените храната, како резултат на поголемата побарувачка од понудата. И податоците на државниот завод за статистика во земјава бележи покачување на речиси сите производи од минимум 5 па се до 50 денари од почеток на годината.  

Ч.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП