29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Lego“ го проширува производството, очекува „бум“ во Азија

„Lego“ го проширува производството, очекува „бум“ во Азија

Данскиот производител на играчки „Lego“ објави дека планира да инвестира повеќе од 1 милијарда долари во една виетнамска компанија за да го следи наглиот пораст на побарувачката за популарни обоени пластични коцки кај децата низ Азија.

Компанијата во Виетнам ќе биде втора фабрика на „Lego“ во Азија, по онаа во Кина, отворена во 2016-та година.

„Lego“ бележи двоцифрен раст на продажбата во регионот од 2019-та година.

Побарувачката сега е на пат да ја надмине понудата од кинеската компанија на среден и долг рок, изјави за „Reuters“ главниот оперативен директор на „Lego“, Карстен Расмусен.

„Растот во Кина и Азија е фантастичен и гледаме дека со текот на времето ќе ни треба поголем капацитет“, рече Расмусен посочувајќи на растот на средната класа и големиот број родени во регионот во споредба со зрелите европски и северноамерикански пазари.

Новата инвестиција е составен дел од децениската стратегија на „Lego“ за приближување на производството до клучните пазари, што би ги намалило трошоците и би ги заштитило од надворешни фактори.

„Ова ни овозможува пократко време на испорака и побрз одговор на побарувачката, но секако нè прави и поотпорни“, рече Расмусен.

Тој, исто така, нагласи дека одлуката за изградба на компанија во Виетнам не била забрзана со прекините во глобалните синџири на снабдување.

Новата компанија ќе биде и првата јаглеродно-неутрална постројка на „Lego“, бидејќи планира да ја балансира потрошувачката на електрична енергија со сончевата енергија произведена на покривот и на блиската фарма.

Иако „Lego“ сè уште прави пластични коцки на база на масло, тие ветија дека ќе ги заменат со коцки направени од одржливи материјали до крајот на деценијата.

Компанијата, исто така, ги проширува своите капацитети во Мексико, Унгарија и Кина и додава машини на компаниите во нејзината родна Данска и Чешка, рече Расмусен.

„Lego“ е именувана по скратениот израз „leg godt“, што на дански значи „играј се добро“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП