Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден изјави дека му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија ќе плати страшна цена доколку одлучи да ја нападне Украина. Ова како што пишуваат американските медиуми, Бајден му го рекол на Путин на виртуелен состанок во вторникот, а слична порака по средбата испратиле и министрите за надворешни работи на Г7.
„Јасно му кажав на претседателот Путин дека ако оди во Украина, последиците за неговата економија ќе бидат погубни“, им рече Бајден на новинарите откако го коментираше смртоносното торнадо што опустоши неколку американски држави.

