23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ја објави најновата Листа на должници

УЈП ја објави најновата Листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.12/2021 за долгови доспеани до 31.08.2021 и неплатени до 30.11.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.12/2021 објавени се 1.767 должници – правни лица (помалку за 38 од претходната листа) и 3.022 физички лица (помалку за 66 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2021 изнесува 8.763.401.816 денари, помалку за 177.980.272 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.744.503.318 денари (повеќе за 29.623.004 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 70.965.115 денари (помалку за 207.603.276 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП