4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајавен „Oppo Find“ - првиот телефон на компанијата со флексибилен екран (ВИДЕО)

Најавен „Oppo Find“ – првиот телефон на компанијата со флексибилен екран (ВИДЕО)

По неколку години развој, „Oppo“ е подготвен да го претстави својот прв флексибилен телефон.

Речиси три години откако беше претставен првиот прототип на уредот, „Oppo“ сега навестува за својот прв телефон со флексибилен екран.

„Oppo Find N“ наликува на уреди од линијата „Samsung Galaxy Fold“ и е создаден по четири години интензивно истражување и развој и шест генерации прототипови.

Лансирањето на телефонот е закажано за време на настанот „Oppo Inno Day“ на 15-ти декември.

Компанијата не објави информации за процесорот, дисплејот и другите спецификации на телефонот „Find N“. Сепак се прикажува видео кое ни дава увид што очекуваме кога е дизајнот во прашање.

„Oppo“ ветува „убав“ уред кој добро се вклопува во рака и ќе биде лесен за употреба и во внатрешен и во надворешен формат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП