18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовогодишен викенд со журка и спа може да се помине со 200...

Новогодишен викенд со журка и спа може да се помине со 200 евра по човек

На дваесетина дена до Новата година, втора во оваа пандемија речиси и да нема никаква еуфорија или атмосфера која потсетува на прослава на најлудата ноќ во годината. Здравствената криза полека но сигурно ги промени навиките и приоритетите на граѓаните па поради превенција добар дел од граѓаните веќе решија за Нова година да си останат дома. Но за оние кои се одлучни дека без журка не може да помине ниту еден 31 декември, туристичките и угостителски работници за нив подготвија понуди. Во однос на протоколите за превенција и властите подготвија мерки за работа на угостителските капацитети. Има и понуди за државите од регионот но и за подалечните земји.

Туристичките агенции од Македонија за новогодишните и божиќните празници нудат аранжмани пред се во туристичките локалитети во земјава и оние кои се наоѓаат во опкружувањето. Има и дел од понудите за во подалечните земји но интересот не е задоволителен, туристичките работници се надеваат дека веќе од пролет оваа голгота ќе заврши и луѓето ќе почнат нормално да живеат, а тие  да си ја  работат својата дејност. Во однос на цените за поблиските дестинации се движат од 70 до 150 евра за викенд патување, по спа центрите се малку повисоки цените и се движат од 80 евра од ноќ па нагоре, вели за Денар Ана Марија Алексовска од Туристичко угостителска комора при ССК

„Понудите за Нова Година се најголем дел за Балканот, Србија, Бугарија, Грција, Романија, Сараево, Босна како и Турција и Унгарија. А од далечните дестинации има понуди за Дубаи и Египет. Интерес има но истиот е далеку помал во однос на нормалните услови. За жал со постоењето на рестриктивни мерки како и менувањето на условите за влез во многу држави ја отежнува нашата работа односно влијае врз одлуката на граѓаните да патуваат. За Македонија понуда има во Охрид и на планините Маврово, Шапка, Пелистер, Крушево и кај нас цените за 2 ноќевања со свечен дочек на Нова Година се од 150 евра па нагоре по лице. Но и за кај нас интересот не е многу голем, но бидејќи нема многу понуда за планинските дестинации на крај тие ќе се пополнат. Но, генерално ја немаме онаа побарувачка како од 2019 година“, вели Ана Марија Алексова од Туристичко угостителска комора при ССК

Од Министерство за здравство велат дека следната недела ќе одлучуваат дали има потреба од носење на нови превентивни мерки или на сила ќе останат последните објавени.

„За организирање настани, прослави во објекти, ресторани, хотели постојат протоколи кои се усвоени од страна на Владата. Комисијата за заразни болести на седницата што ќе ја одржи следнта недела согласно анализите од епидемилошката состојба во државата ќе одлучи дали ќе даде нови предлог мерки. Мерките се усвоени на 115-та седница на Влада и истите се објавени во Службен весник“, велат од Министерството за здравство.

Но од здружението на хотелиери велат дека се уште од Владата немаат добиено прецизни протоколи за работа во делот на организирање на новогодишна забава. На ваков начин не може да се организира забавата, вели хотелиерот Ерхан Папранику.

„Немаме никакви протоколи за работа. Знаеме дека за новогодишната ноќ треба да се организира и жива музика, треба со време да ги резервирате тие бендови, групи кои сакате да ги ангажирате за да се знае што има во понудата на хотелот. Јас се надевам дека во најбрзо време владата ќе донесе протоколи и тоа ќе биде најдобро за нас но и за агенциите“, изјави Ерхан Папранику од здружанието на хотелиери.

Од Владата пак велат дека актуелните мерки дозволуваат организирање на забави. Правилата кои се на сила дозволуваат работа на барови и ноќни клубови – дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави од типот свадби, родендени, крштевки и слични забави кои се во стилот на новогодишната прослава. Во затворениот дел на објектите, додаваат властите дека до 50% е дозволена исполнетост од капацитетот на просторот.

„Се дозволува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), како и се дозволува влез каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители / гости / лица, со поседување и приложување на еден од следните документи:

– до 14 ноември 2021 година е потребно сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест КОВИД-19, а од 15 ноември 2021 година сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 или

– сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето“, велат од Владата

Во однос на  организирани прослави во поголемите центри и сали низ земјава засега нема или се бројат на прсти. За дочекот на Новата година по се изгледа дека и годинава ќе останат празни и плоштадите низ градовите, но тоа е како превентивна мерка од страна на локалните власти и да нема масовно групирање и опасност од пренесување на заразата.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП