18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемиот е-спорт настан во живо: А1 Game Fest 2021 финале овој викенд

Најголемиот е-спорт настан во живо: А1 Game Fest 2021 финале овој викенд

Традиционално, четврта година по ред, компанијата А1 Македонија, во соработка со GG.MK,  го организира најочекуваниот е-спорт настан во земјата – А1 Game Fest, овојпат повторно во живо.  

Финалето ќе се одржи на 10ти и 11ти декември во East Gate Mall, каде најдобрите од претквалификациите ќе се борат за победничко место во видео игрите Dota 2, CS:GO, Tekken 7, FIFA22, и возбудливиот Cosplay натпревар, а сите љубители ќе имаат можност во живо да го следат највозбудливиот дел на годинешното гејминг доживување.

Програмата за двата финални дена на А1 Game Fest најавува ултимативно гејмерско доживување и незаборавен хепенинг за сите гејмери, косплеери, гикови, фанови, јутубери, кастери и сите останати љубители на гејмингот. Дополнително, финалето на А1 Game Fest ќе биде збогатено и со учество на нашите најпопуларни јутјубери, Steffonator i GP, кои ќе гејмаат и ќе се дружат со публиката.

Со најбогат награден фонд досега,  многу изненадувања и подароци за публиката, ова издание е уште еден чекор поблиску до светските е-спорт настани.

Сите натпревари ќе бидат проследени со коментатори за секоја игра посебно, а директен пренос преку супериорниот оптички интернет на А1 ќе биде емитуван и може да се следи на Facebook и Instagram профилите на А1 Македонија, како и на GG.MK.

За детали и сите потребни информации за самите натпревари прочитајте на  https://fb.me/e/4AaHJxwWk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП