4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТреба ли во земјава да се воведе плаќање со крипто – валути...

Треба ли во земјава да се воведе плаќање со крипто – валути во угостителскиот сектор?

Откако во јавноста се наметна темата, во угостителско-туристичкиот сектор да се плаќа со криптовалути, дел од познавачите сметаат дека глобалните промени ќе го наметнат овој тренд, но Македонија се уште не е подготвена за тоа.

-Неизбежно е но, не е сега време во овој момент. Факт е дека светот се стреми кон тоа и не сум против, но мора да има редослед. Земјава, прво мора да воспостави систем, рамка за да може да се регулираат и соодветно даночат трансакциите со криптовалути. Мора да се воспостават правила на игра и јасна правна рамка, па потоа да се воведат опции за вакви трансакции, затоа што ќе биде потребно да се осмисли и имплементира цел еден систем. Но треба да сме свесни дека, додека некои земји  веќе имаат безготовинско плаќање, кај нас се уште има места каде нема терминали за да платиш со картичка. Мора да се оди во фази, вели за Денар, Благоја Грозданов, од комората на сметководители при ССК.

Од Независната угостителска комора ( НУК), велат дека треба да се воведе овој начин на плаќање. Вакви примери во регионот нема и добро би било да бидеме први.

-Конкретен ваков пример на понуда во регионот не постои и доколку успееме да ја реализираме први, имаме можност да поставиме нови стандарди и правила за работење на угостителската индустрија со крипто средства и да постанеме лидери и главни промотери на нивната употреба и бенефитите кои ќе произлезат од нивното користење за гостите и угостителите, вели за “Денар”, Здравко Јосифовски, претседател на НУК.

Според угостителите, ваквата можност би им помогнала да ги надминат проблемите наметнати од пандемијата која речиси две години е присутна.

– Барајќи начини и можности како за угостителите и угостителската индустрија да ја повратиме оваа доверба, да обезбедиме авансни планирани приходи и финансиска поддршка , започнавме да ги истражуваме можностите на издавање на крипто-средства проследени со т.н. паметни договори како нови алтернативни начини за плаќање или нивно создавање и користење како алтернативна можност на финансирање. Резултат на сето наведено, не доведе до заклучок дека издавањето и воведувањето на крипто- средство во угостителската индустрија гледајќи краткорочно би им се овозможило на угостителите да обезбедат авансни средства за своите услуги со цел полесно и побрзо да можат финансиски да ја надминат кризата од пандемијата со Ковид-19 со што би можело да се поедностави рабoтењето на угостителските објекти, и да обезбеди сигурна и планирана иднина на нивното постоење не само на локално туку и на глобално ниво. Од друга страна на корисниците на овие крипто сретства би им се овозможило сигурно и загарантирано користење на угостителските услуги во угостителските објекти како што се хотели, ресторани, кафетерии и клубови кои би ги добиле во идно време по завршување на пандемијата и создавање на услови на нормално функционирање на туристичко угостителскиот сектор, додава Јосифовски.

Тој, појаснува дека во моментов многу земји во светот користат познати крипто средства за онлајн плаќање на разни услуги и поризводи, вклучувајќи и разни угостителски услуги во светски познати ресторани и хотели.

-Идејата е стандардизираните угостителски услуги како што се ноќевања, угостителски услуги во ресторани, клубови и кафетерии да се понудат за авансна продажба или инвестиција со крипто средства по сегашни загарантирани повластени цени и истите благодарение на можноста на нивната едноставна преносливост и трговија да се користат за добивање на овие услуги во идно време. Низ практичен пример би значело, ако денес инвестирате или купите пример 10 токени по некоја повластена цена да можете било кога во идно време да ги искористите како 10 ноќевања во точно дефиниран стандард на соба од хотел со 5 звезди. Користењето на крипто средството би било за хотели кои ја прифатиле и се приклучиле кон иницијативаата за работење и прифаќање на крипто средства кака начин на продажба на своите услуги, вели Јосифовски.

Според познавачите во светот, во моментов постојат платформи, преку кои  може да се направи резервација за сместување во 700 илјади хотели , во прeку  230 земји со помош на криптовалути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП