28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Naarea“ и „Assystem“ развиваат ултра мали модуларни реактори

„Naarea“ и „Assystem“ развиваат ултра мали модуларни реактори

Француската компанија „Naarea“ и инженерската групација „Assystem“ потпишаа договор за развој на ултра мали модуларни реактори (XSMR), се вели во соопштението на компаниите.

Проектот предвидува изградба на реактори со капацитет од 1 до 40 мегавати за поддршка на производството на електрична енергија со ниски емисии.

„Assystem“ ќе обезбеди проектен менаџмент, лиценцирање, интеграција и инженерски услуги. Компанијата ќе развие дигитален дупликат на реакторот за моделирање и симулирање на неговата работа. На овој начин развојот побрзо ќе стигне до физички прототип.

Се очекува првите ултра мали реактори да се појават во 2030-та година, соопштија двете компании.

Иновацијата на „Naarea“ вклучува работа на нови реактори за стопена сол, кои имаат висок безбедносен профил. Од компанијата наведуваат дека реакторот има ниски трошоци за работа, висока ефикасност и лесени се за ракување. Реакторот користи ториум, кој се наоѓа во големи количини во утробата на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП