27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа еден месец, гасот поскапел повеќе од 5 отсто, а лебот 3,8...

За еден месец, гасот поскапел повеќе од 5 отсто, а лебот 3,8 проценти

Кај гасот за домаќинствата, лебот и житото и кај туристичките аранжмани во ноември бил забележан најголем пораст на трошоците во споредба со еден месец претходно. Од друга страна, најголемо намалување на цените е забележано кај свежото и кај разладеното овошје и кај воздухопловниот патнички транспорт.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на живот во ноември, во однос на претходниот месец, изнесува 100.7, а индексот на цените на мало изнесува 100.3.

Пораст на индексите на трошоците на живот во ноември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житото – 3,8 отсто, прехранбените производи, неспоменати на друго место – 2,9 %, сирењето и урдата – 2,3 %, месото – 2,1 %, маслото и маснотиите – 1,9 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи – 1,8 %, виното – 1,3 %, рибата и морските плодови, пивото – 1,2 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук – 0,7 % и жестоките пијалаци – 0,3 %.

Во ноември исто така пораст на индексите на трошоците на живот е забележан и кај гасот за домаќинствата – 5,8 %, туристичките аранжмани – 3,9 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека – 3,2 %, горивата и мазивата за сопствени превозни средства, информатичката опрема за обработка на податоците – 3,1 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема – 2,3 %, услугите за одржување и поправките на живеалиштето – 2,1 %, поправките и изнајмувањето на обувките – 2,0 %, парамедицинските услуги – 1,9 %, течните горива за домаќинствата, патниот патнички транспорт, фризерските салони и центрите за разубавување – 1,7 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата – 1,6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, рестораните, кафулињата и слично, накитот, часовниците и рачните часовници – 1,3 %, мотоциклите, градините, растенијата и цвеќињата – 1,2 %, медицинските услуги, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства – 1,0 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за рекреација и спорт, другите апарати и производи за лична хигиена – 0,9 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, другите лични предмети – 0,8 %, цврстите горива за домаќинствата – 0,7 %, теписите и другите подни покривки, малите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи, другите медицински производи, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, другото образование, електричните апарати за лична хигиена – 0,5 %, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, големите алатки и опрема, малите алатки и другите додатоци, терапевтските помагала и опремата, моторните возила, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање – 0,4 %, текстилот за домаќинството, стоматолошките услуги, домашните миленици и сродните производи – 0,3 %, облеката, актуелните ренти исплатени од станари, услугите за сместување – 0,2 %.

Намалување на индексите на трошоците на живот во ноември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и кај разладеното овошје – 7,0 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови – 0,8 % и млекото – 0,3 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на живот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт – 17,5 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти – 1,3 %, медиумите за снимање – 1,2 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено – 1,0 %, обувките – 0,7 %, големите електрични апарати за домаќинство – 0,2 %.

Индексот на трошоците на живот во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, бележи зголемување од 4,8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 6,2 %.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП