Со цел да се доближи повеќе до своите клиенти и да им овозможи персонализирани понуди прилагодени на нивните можности и преференции, НЛБ Банка, во согласност со Законот за заштита на лични податоци, започна промотивна кампања за обезбедување изјави за согласност за користење на лични податоци за директен маркетинг.
Согласно својата стратегија за општествено одговорно делување, а во насока на промоција на одржливоста и еколошкиот пристап во работењето и заштита на животната средина, во кампањата која Банката ќе ја реализира во текот на декември се става посебен акцент на дигитално дадена изјава за согласност, без користење на хартиени формулари, како и на информирање од страна на Банката за сите новини и поволности преку дигиталните канали.

