26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Blackstone“ стана најголемиот сопственик на магацини во светот

„Blackstone“ стана најголемиот сопственик на магацини во светот

„Blackstone“, еден од најголемите инвестициски фондови во светот, инвестираше во речиси секој сегмент од глобалната економија: биомедицински истражувања, дигитални плаќања, електрани, синџири на мотели, па дури и апликации за запознавање и забавни паркови како Леголенд. Сега го сврте вниманието кон магацините.

Кен Каплан, директорот за недвижен имот во компанијата, во 2019-та година рече дека магацините се најважното прашање кога станува збор за инвестиции, особено откако приватниот капитален гигант инвестираше 18,7 милијарди долари за купување на 179 милиони квадратни метри простор за складирање, пренесува сајтот „Planet Crypto“.

Оттогаш, „Blackstone“ не престана да инвестира. До крајот на 2020-та година, компанијата купи околу 1,2 милијарди квадратни метри „недвижен имот наменет за логистика“, со што стана сопственик на најголемиот број магацини во светот.

Со ова купување, „Blackstone“ се обложува на иднината на е-бизнисот. Колку повеќе се потпираме на онлајн купувањето, толку повеќе стоки ќе бидат пакувани, складирани, транспортирани и вратени во магацини. Затоа, трговецот за е-трговија со најголем број магацини ќе биде најдобро позициониран и ќе може да го намали времето за испорака од неколку дена на неколку часа и ќе има значителна предност во однос на конкуренцијата.

Целта на „Blackstone“ е да изнајмува простор за складирање на такви компании. Со издавање на магацини на компанијата која нуди најмногу, заработката на овој гигант ќе расте како што економијата се повеќе се движи кон Интернет. Се предвидува дека светот ќе потроши 4,2 трилиони долари за е-трговија во оваа година.

До 2025-та година, секторот ќе заработи повеќе од 10 трилиони долари.

Причината за ваквите предвидувања се два нови тренда – пандемијата наведува сè повеќе луѓе да купуваат преку Интернет, а нарушувањето во синџирите на снабдување доведе до недостиг на залихи.

Благодарение на овие трендови, апсорпцијата на капиталот во логистичкиот сектор, кој ги опфаќа магацините, достигна рекордно високо ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП