23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШто откри кинескиот ровер на темната страна на месечината: Мистериозна појава во...

Што откри кинескиот ровер на темната страна на месечината: Мистериозна појава во облик на коцка ги збуни научниците! (ФОТО)

Доколку се оди според планот, светската јавност наскоро би требало да добие повратна информација за она што кинескиот ровер „Јуту-2“ го откри на таканаречената темна страна на Месечината.

Имено, новинарот Ендрју Џонс во петокот на својот Твитер профил објави фотографија на која се гледа „коцкаста градба“ снимена од камерата на споменатиот ровер, на приближно 80 километри од возилото.

Структурата, во кинеските медиуми веднаш беше наречена „мистична куќа“, а особено ја разбуди имагинацијата на оние кои се надеваат дека конечно ќе добиеме потврда дека природниот сателит на Земјата го користат и вонземјани.

Иако многу љубители на НЛО со години шпекулираат дека вонземјаните имаат бази поставени на темната страна на Месечината, Џонс смета дека ќе бидат разочарани од фотографиите што роверот ќе ги испрати наскоро.

„Тешко е да се забележи од сликата, но верувам дека тоа не е обелиск или градба на вонземјани“, напиша тој со фотографијата, истакнувајќи дека пред неколку години за време на мисијата Chang’e-3, бил забележан камен кој исто така дал имагинација од далечина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП