26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Netflix“ ќе има значителен дел од телевизискиот пазар до 2025-та

„Netflix“ ќе има значителен дел од телевизискиот пазар до 2025-та

„Netflix“ е роден во 1997-ма година, а потоа им понуди на клиентите можност да изнајмуваат ДВД филмови и серии по пошта, а следната година ја отвори првата веб-страница за изнајмување и продажба на ДВД во светот.

Сега добро познатата платформа за стриминг оваа година генерирала приходи над 24 милијарди долари, но помалку од еден процент од таа сума доаѓа од изнајмување ДВД.

Компанијата излезе на берза во 2002-ра година, кога се приклучи на индексот „NASDAQ“ со „NFLX“ ознаката и цена од 15 долари по акција.

Платформата за стриминг „Netflix“ се појави во 2007-ма година, а во 2015-та година компанијата го произведе својот прв оригинален филм. До 2017-та година, бројот на корисници на платформата надмина 100 милиони, а во 2021-ва година е двојно поголем.

Цените на акциите на компанијата растеа бавно во периодот од 2017-ма до 2020-та година, па од 130 долари до март минатата година достигнаа цена од приближно 340 долари за акција.

Причина за наглиот раст на акциите е пандемијата на коронавирусот, а во ноември годинава достигнаа рекордна вредност од над 700 долари, а моменталната цена е околу 663 долари.

За време на пандемијата, „Netflix“ доминираше на пазарот за стриминг услуги во Соединетите држави, со удел од 34 проценти. Компанијата се надева дека ќе ја задржи таа позиција во однос на ривалите како што се „Disney +“ и „Paramount +“.

Според „ArkInvest“, во следните неколку години кабелската телевизија ќе стане сосема непотребна, ако се земе предвид дека „плаќањето за повеќе од илјада канали, од кои 90 отсто корисници воопшто не ги гледаат, сега изгледа лудо“.

Истражувањето на „ArkInvest“ сугерира дека „Netflix“ би можел да им понуди на кабелските оператори попуст од 70 проценти за стриминг услуги, што би значело уште подобро позиционирање и раст на акциите на компанијата на телевизискиот пазар до 2025-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП