На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало.
Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на основните прехранбени производи, и тоа за: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи; и сирење и урда.

