29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради омикрон, ММФ ќе ја намали прогнозата за глобален раст

Поради омикрон, ММФ ќе ја намали прогнозата за глобален раст

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) планира да ја намали прогнозата за светскиот раст поради новиот вид на коронавирус – омикрон кој се шири во светот, изјави генералната директорка на таа институција Кристалина Георгиева.

„Нов вид на вирус кој може многу брзо да се шири може да ја разниша довербата и во таа смисла веројатно ќе имаме ревизија под нашите проекции за светскиот раст од октомври“, изјави Георгиева за „Reuters“.

Во октомври ММФ веќе ја намали прогнозата за раст на светскиот бруто домашен производ на 5,9 отсто, наспроти прогнозата од 6,0 отсто во јули, поради логистички проблеми и нерамномерната вакцинација.

ММФ прогнозираше раст од 4,9 отсто за октомври следната година, непроменет во однос на јули.

На почетокот на октомври ММФ веќе навести дека светскиот раст би можел да биде послаб од предвиденото поради нерешените доцнења во синџирите на снабдување, што влијаеше на растот на инфлацијата во светот.

„Уште пред доаѓањето на овој нов вид стравувавме дека закрепнувањето, иако продолжува, изгуби дел од својот замав“, изјави Георгиева.

Таа рече дека растот на двете главни светски економии, САД и Кина, веќе е забавен од видот делта што се прошири кон крајот на летото и есента.

ММФ обично објавува ревизија на својата октомвриска прогноза во јануари.

Новиот вид на коронавирус омикрон првпат беше пријавен во Јужна Африка на 24-ти ноември и оттогаш се појави во десетици земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП