29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„UBS“ го продава седиштето во Лондон за 1,7 милијарди долари

„UBS“ го продава седиштето во Лондон за 1,7 милијарди долари

Седиштето на „UBS Group“ во Лондон ќе го купи јужнокорејската национална пензиска служба и „LaSalle Investment Management“ за околу 1,25 милијарди фунти (1,7 милијарди долари), пишува „Bloomberg“.

Сегашниот сопственик на сребрената зграда, „CK Asset Holdings“ со седиште во Хонг Конг, започна првични разговори со голем број потенцијални купувачи претходно во оваа година. Победник на наддавањето за локацијата на улицата „Бродгејт“ е јужнокорејската национална пензиска служба, која соработува со „LaSalle“, рекоа информирани извори, кои сакаат да останат анонимни бидејќи договорот е приватен.

Компанијата со седиште во Хонг Конг управувана од Виктор Ли, кој го наследи неговиот татко милијардерот Ли Ка-Шин во 2018-та година, го купи имотот истата година за 1 милијарда фунти и прифати само понуди за повеќе од таа сума, рекоа луѓе запознаени со првичните разговори во јуни.

„UBS“ се всели во зградата по нејзиното завршување во 2015-та година, откако претходно имаше под наем неколку помали канцеларии во комплексот на улицата „Бродгејт“.

Швајцарската банка е посветена на локацијата, која има површина од над 65.000 квадратни метри, барем до 2035-та година.

Побарувачката за трофејни деловни згради во Лондон со долги закупи се зголеми за време на пандемијата, иако компаниите сè уште не одлучиле дефинитивно како да управуваат со враќањето на канцеларискиот живот.

„British Land“, која го изгради имотот, минатиот месец соопшти дека бележи бум во активностите оваа година за нов деловен простор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП