29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕК санкционираше пет банки за картел на девизниот пазар (ИНФОГРАФИК)

ЕК санкционираше пет банки за картел на девизниот пазар (ИНФОГРАФИК)

Европската комисија (ЕК) санкционираше пет големи банки поради картел на пазарот за спот трансакции во странска валута.

Брисел ги казни „Barclays“, „RBS“, „HSBC“ и „Credit Suisse“ со вкупно 314 милиони евра, додека „UBS“ добива имунитет и избегнува казна од 94 милиони евра за давање информации што помогнале да се открие антимонополскиот договор, стои во соопштението од ЕК.

Во мај, „UBS“ беше вмешана во друг антимонополски случај на ЕК – картел на европскиот пазар на државни обврзници. Тогаш банката беше казнета со 172 милиони евра.

„Ја завршивме шестата истрага за картели во финансискиот сектор од 2013-та година“, изјави комесарката за конкуренција Маргрете Вестагер.

„Спот-тргувањето на девизните пазари е една од најголемите финансиски активности во светот“, рече таа, додавајќи дека конкурентниот финансиски сектор е клучен за инвестициите и економскиот раст.

Ова е трета истрага на Брисел за девизните пазари. Во сите три учествуваа „UBS“, „RBS“ и „HSBC“.

ЕК со својата одлука (02.12.) ја казни „HSBC“ со повеќе од 174 милиони евра, „Barclays“ со 54,3 милиони евра и „RBS“ со 32,4 милиони евра. За сите три банки има одредено намалување на санкцијата – најзначајно за „Barclays“ во рамките на 50%, бидејќи соработувале со европските власти.

За швајцарската „Credit Suisse“, пак, постапката е без олеснување бидејќи одби да соработува со антимонополските власти. Сепак, санкцијата беше намалена бидејќи банката не учествуваше во сите аспекти на картелот.

Истрагата се фокусира на трговијата на „G10“, т.е. 11 најликвидни и најбарани валути во светот, вклучувајќи ги еврото, британската фунта, швајцарскиот франк, американскиот долар и јапонскиот јен. Тоа покажа дека некои од трговците на банката разменувале чувствителни информации и планови за тргување, како и ги координирале своите активности преку онлајн комуникација во собата за разговор „Sterling Lads“.

Врз основа на дискусиите, трговците можеа да донесат информирана одлука дали ќе продаваат или купуваат валути, со што значително го намалуваат ризикот од загуби во споредба со другите на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП