25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar паузира - нема нови модели до 2025-та

Jaguar паузира – нема нови модели до 2025-та

„Јaguar“ не планира да лансира нови автомобили пред 2025-та година, пишува францускиот весник „Le Monde“.

Кога ќе заврши овој „тивок“ период, „Jaguar“ ќе стане целосно електричен бренд кој мора да се натпреварува со производителите како „Aston Martin“ или „Bentley“.

Всушност, работите не одеа добро за „Jaguar“ во последните 2 години, а продажбата на брендот продолжува да паѓа. Ова го принуди извршниот директор на компанијата Тиери Болоре да преземе нешто и на почетокот на годината ја најави претстојната целосна промена на брендот.

Покрај тоа што ќе стане производител на електрични автомобили и ќе се позиционира во премиум сегментот, „Jaguar“ целосно ќе го промени изгледот на своите модели. Затоа, компанијата ги напушта сите свои случувања во последните години и зазема нова насока.

Промената вклучува инвестирање 1 милијарда фунти во новата платформа „MLA“ (Modular Longitudinal Architecture), што го означува крајот на проектот „J-Pace“.

Планот предвидува појава на само еден кросовер, кој ќе го замени сегашниот „I-Pace“, а „F-Pace“ и „E-Pace“ ќе бидат исфрлени од гамата. Идејата е „Jaguar“ да премине во нови класи, а сегментот „SUV“ да го остави на „Land Rover“. Така, двете марки повеќе нема да имаат заеднички модели, бидејќи „Land Rover“ има друга електрична платформа – „EMA“ (Electric Modular Architecture)

Според „Le Monde“, „Jaguar“ постепено ќе го намалува изборот на мотори и опрема на своите сегашни модели, а со тоа ќе го намали производството за да заштеди трошоци. Се предвидува дека до 2026-та година производствениот капацитет на брендот ќе се намали за 25% во однос на сегашните нивоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП