19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОтсега со Diners може да се плаќа на рати ширум светот

Отсега со Diners може да се плаќа на рати ширум светот

Diners Club Македонија ја известува јавноста, како и сите свои корисници, дека почнувајќи од 1-ви декември 2021 г. со картичките на Diners Club ќе може да се плаќа на рати, како и да се подигнува готовина на рати низ целиот свет.

Оваа уникатна новина Diners Club Македонија ја воведува за првпат, и тоа токму во пресрет на новогодишните празници кога фреквенцијата на патување е зголемена, со цел да излезе во пресрет на сите свои членови кога патуваат во странство.

Со новата можност, секоја трансакција и секоја сума на готовина подигната од банкоматите во странство која го надминува износот од 20 евра, сега ќе може да се плаќа на 6 рати.

Всушност, активирањето на услугата автоматски го дели плаќањето на 6 рати, за сите трансакции направени во странство или онлајн плаќањата на интернационалните веб страници за купување.

За активирање, корисниците на Diners картичките само треба еднократно да се најават на контакт бројот 15 155 и ќе може да ја користат услугата при секое следно патување надвор од државата низ големата мрежа на Diners од 40 милиони продажни места ширум светот.

Оваа можност е достапна за сите Diners членови без оглед на типот на картичката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП