18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРегионалните хит серии и врвни спортски програми достапни преку МТЕЛ, новиот македонски...

Регионалните хит серии и врвни спортски програми достапни преку МТЕЛ, новиот македонски телекомуникациски оператор

Новиот телекомуникациски оператор, МТЕЛ, членка на групација Телеком Србија кој што во Македонија почна со работа кон средината на ноември на љубителите на квалитетната телевизиска содржина преку својата сателитска телевизија им ги прави достапни најгледаните хит сериии од регионот кои се емитуваат на Суперстар и Суперстар 2 каналите, најдобрите спортски натпревари преку Арена каналите, како и одличен избор на музички, документарни и детски содржини.

Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ во интервјуто за МИА дадено по повод почетокот на работа на МТЕЛ во Македонија вели дека како компанија исклучително се горди на врвната понуда на спортски и забавни канали, како и изборот на ексклузивна драмска и филмска содржина.

„Имаме јасна стратегија за вложување во ексклузивна драмска и филмска програма која што се емитува на нашите канали Суперстар 1 и 2 и тоа повеќекратно ни се исплатеше. Атрактивна сериска програма, во која што учествуваат регионални актери, кои што се снимаат на регионални локации и во кои што се обработуваат теми кои на сите нам овде ни се блиски, направија овие канали во рекорден рок да се искачат на самиот врв според гледаноста. И гледачите во Македонија во иднина ќе може да уживааат во такви содржни, во кои што Телеком Србија се појавува како продуцент. И токму на тоа мислев кога споменав нови извори на приходи кон кои што телком операторите неопходно е да се насочат во наредниот период“, вели во интервјуто за МИА, генералниот директор на Телеком Србија, Лучиќ.

Меѓу сериите кои се прикажуваат на Суперстар каналите е и хит серијата „Беса“ во која што една од главните улоги ги толкува и македонската актерка, Камка Тоциновски. Серијата од самиот почеток на првата сезона постигна регионален успех и за брзо се искачи на врвот според гледаноста. Првата сезона на овој драматичен трилер освои бројни признанија од критичарите и публиката, а се фокусира на семејните односи, додека втората сезона се состои од десет епизоди во кои се интензивира дихотомијата традиционално и модерно, нагласувајќи ги аспирациите на новите генерации кои не се подготвени да ги задржат традиционални зборовни обрасци или дадено ветување, на албански: „беса“.

Снимена е на повеќе од 200 локации низ четири земји од регионов, вклучувајќи ја и балтичката земја Естонија. Премиерата на втората сезона, во која што како копродуцент се вклучува и Телеком Србија, се случи изминатиот викенд на Суперстар каналот. Суперстар каналите за македонските гледачи е достапен преку сателитската телевизија на новиот телекомуникациски оператор МТЕЛ која што е достапна за било кој корисник било каде во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП