18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari 458 Speciale со плус 35ks

Ferrari 458 Speciale со плус 35ks

ferari specijale

„Ferrari“ ги објави првите фотографии и технички детали за моделот „458 Speciale“. Во однос на стандардниот „458 Italia“, инженерите успеаа од овој мотор да извлечат дополнителни 35ks.

При дизајнирањето на овој модел, „Ferrari“ помош побара од студиото „Pininfarina“. Како резултат настана низа стилски интервенции, како предните и задни аеродинамички елементи кои автоматски се прилагодуваат во текот на возењето намалувајќи го отпорот на воздухот.

„Ferrari 458 Speciale“ има и  „Side Slip Angle Control“ (SSC)  систем кој го контролира страничното пролизгување и врши прераспределба на моќта помеѓу погонските тркала.

ferari specijale2

Поради подобри перформанси, автомобилот е опремен и со специјално конструирани „Michelin Pilot Sport Cup 2“ пневматици, кои обезбедуваат одлично возење при мокра подлога.

Позантиот 4.5 литарски V8 мотор сега развива 605 ks (445 kW) при 9.000 o/min и максимален вртежен момент од 540 Nm. Од „Ferrari“ велат дека на тој начин овој мотор станал најмоќниот атмосферски агрегат во нивните сериски модели со скоро 135 ks (99 kW) по литар на работна зафатнина.

Нормално тоа е одрази и на перформансите, па сега 1.290kg тешкиот автомобил е во состојба до „стотка“ да забрза за само три секунди, додека брзината од 200 km/h ја достигнува за 9.1 секунди.

ferari specijale1

„Ferrari 458 Speciale“ еден круг на тест патеката „Fiorano“ го коминува за 1 минута и 23.5 секунди, што е побрзо за 1.5 секунди во однос на моделот „Italia“.

Новиот модел на „Ferrari“ премиера ќе има на авто-саемот во Франкфурт.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП