6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung во војна и со Nokia

Samsung во војна и со Nokia

samsung ss

„Samsung“ и „Apple“ можеби се борат за титулата најдобриот на пазарот на паметните телефони, но на пазарите во развој „Nokia“ и натаму е неприкосновена со своите „глупи“ телефони. Меѓутоа на оваа доминација најверојатно и дојде крајот, барем во Индија.

Најновите податоци покажуваат дека „Samsung“ сега продава повеќе телефони во Индија од „Nokiа“. А за ова дело се заслужни „обичните“ мобилни телефони кои ги продава „Samsung“, а кои досега беа главен извор на приходи на финската компанија.

„Samsung“ имаше 31.5 проценти од пазарот на смартфони во Индија, додека „Nokiа“ имаше удел од 27.2 проценти.

Во истиот период во Индија беа продадени 54.6 милиони телефони, многу повеќе од смартфоните – 6.1 милион примероци.

Овие телефони, кои изгледаат исто како оние кои корисниците ги напуштија пред неколку години, се во состојба да користат интернет, симнуваат музика, снимаат видеоклипови и многу други работи кои ги чинат и смартфоните.

Единствената клучна разлика е во нивната цена, 24 долари и фактот дека се посебно дизајнирани за Индија со тастатрура отпорна на прашина и имаат слотови за две различни СИМ картички.

Дел од успесите на „Samsung“ во Индија е и фактот дека компанијата на корисниците им понудила широк спектар на телефони со подеднакво различни цени, па така корисниците може да си земат малку подобар телефон, доколку платат малку повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП