Во тек на вчерашниот ден во пресрет на објавата на федералните резерви на САД еврото панично паѓаше во однос надоларот се до долгоочекуваната изјава на претседателот на ФЕД, Бернаке, кој со веќе очекуваната изјава без некакви промени EUR/USD се спушти до цена од 1,3335.
Дали тоа беше само една корекција на цената која е да речеме во еден нагорен канал или започнува еден нов надолен тренд сеуште не може да се потврди се додека EUR/USD се тргува околу 1,3335 и 1,3340.
Денес може да очекуваме многу неизвесен пазар и битка помеѓу купувачите и продавачите околу цената 1,3320 и доколку тоа ниво биде пробиено во долна насока многу веројатно цената на EUR/USD ќе формира надолен тренд со чист таргет до 1,3025.
Доколку цената не се спушти под 1,3320 и се врати во нагорниот канал, многу веројатно ќе се формира реверсна формација помеѓу 1,3335 и 1,3445 , за потоа сеуште да остане во неизвесност се до наредните поважни податоци за европската или американската економија.
Доколку цената го пробие завчерашниот врв на 1,3345 и продолжи да се движи нагоре, тогаш најверојатно EUR/USD ќе има отворени врати кон нов рекорд на висока цена над 1,3500 па потоа и 1,3750 итн.
Срдечно,
Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот.