19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Endesa“ ќе инвестира 31 милијарда евра во зелени проекти до 2030-та

„Endesa“ ќе инвестира 31 милијарда евра во зелени проекти до 2030-та

Шпанската комунална компанија „Endesa“ планира до 2030-та година да инвестира 31 милијарда евра во проекти насочени кон исполнување на еколошките цели. Средствата ќе бидат инвестирани главно во развој на мрежата во Шпанија и Португалија, како и за зелена енергија, пишува „Reuters“.

Плановите се во согласност со целите на матичната компанија, италијанската „Enel“, која ги истакна своите амбиции да се откаже од фосилните горива и природниот гас до 2040-та година. Најголемата европска комунална компанија ќе инвестира 70 милијарди евра за тројно да го зголеми својот зелен капацитет. Плановите се „Enel“ до 2030-ра година директно да има 129 гигавати зелен капацитет.

Ова е една од најамбициозните цели меѓу компаниите кои нудат слични услуги во Европа.

За исполнување на ова барање, нејзината подружница во Шпанија планира да ги зголеми своите зелени средства и да поседува 24 гигавати инсталирана зелена моќност до 2030-та година. Во 2020-та година нивниот имот е 7,8 гигавати. За оваа намена ќе одат околу 40% од планираните долгорочни инвестиции на компанијата, а најмалку толку ќе бидат потребни за модернизација на мрежата за да ги преземе зелените капацитети.

Краткорочно „Endesa“ планира да инвестира 7,5 милијарди евра за новите цели во периодот 2022-2024 година, што е малку под инвестициите за периодот 2021-2023 година, кои компанијата ги најави пред извесно време и кои изнесуваат 7,9 милијарди евра. Сепак, овие планови не ги вклучуваат проектите што „Endesa“ ќе ги спроведе според Планот за закрепнување на ЕУ.

Поради целите на „Enel“, шпанската компанија ќе мора да се откаже од продажбата на гас до 2040-та година и со тоа да загуби околу 1,7 милиони корисници. „Endesa“ има и 3,8 гигавати комбинирана топлинска и електрична енергија во Шпанија и Португалија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП