26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТретата генерација доби ново име - „Suzuki S-Cross“ (ФОТО/ВИДЕО)

Третата генерација доби ново име – „Suzuki S-Cross“ (ФОТО/ВИДЕО)

Во 2006-та година, „Suzuki“ го претстави компактниот кросовер од „Б“ сегментот – „SX4“, кој наликуваше на подигнат хечбек и исто така се продаваше под името „Fiat Sedici“.

Во 2013-та година излезе втората генерација, која го додаде „S-Cross“ на своето име и порасна во големина, приближувајќи се до поголемите машини од сегментот „C-SUV“.

Сега пристигнува третата генерација на јапонскиот модел, овој пат „SX4“ е исфрлен од името. Така, на сцена стапува новиот „Suzuki S-Cross“, кој сериозно го менува дизајнот, но ја задржува сегашната големина и моторизација. И додека претходниот модел не беше најатрактивен во својата класа, третата генерација има визија која е посоодветна за автомобил со погон 4х4.

Целта на „Suzuki“ беше да направи повеќе мускулести пропорции, со поголем преден дел и покомплексен заден дел. Има нова решетка со хромирани и сјајни црни детали, а изменет е и дизајнот на фаровите, како и на дневните светла и оние за светла за магла. Заштитата под патничкиот простор сугерира дека можете да го пробате овој автомобил надвор од патот. Назад гледаме нови хоризонтални светла, црни заштитни панели на браникот и мал спојлер.

За погонот на новиот кросовер првично ќе се грижи еден мотор со зафатнина од 1,4 литри и 129 коњски сили, кој е поврзан со мек хибриден систем. Тракцијата може да се пренесе на предните тркала или на сите четири преку системот „AllGrip Select“ со помош на 6-брзински мануелен или автоматски со исти брзини. Следната година се очекува и „plug-in“ хибридна верзија на моделот.

Внатрешноста на „S-Cross“ исто така еволуираше, имајќи сличен чист изглед како претходниот модел. Нов е мултимедијалниот систем со 9-инчен монитор, кој нуди поврзување со „Apple CarPlay“ и „Android Auto“, а екранот може да проектира податоци од камера од 360 степени.

Има и пакет системи за безбедност и асистенција, меѓу кои се издвојуваат адаптивната контрола на патувањето со функцијата „Stop & Go“, одржувањето на лентата, следењето на мртвата точка и вкрстениот сообраќај одзади, препознавање на патните знаци и друго.

Новиот модел се очекува во продажните салони на крајот на оваа година, а цените и нивото на опрема сѐ уште се непознати. Машината ќе биде достапна со избор од 8 бои на каросеријата. Како и досега, за европските пазари, „S-Cross“ ќе се произведува во фабриката на „Suzuki“ во Унгарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП