25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДефинитивно крај – „Samsung Galaxy Note 20“ повеќе не се произведува

Дефинитивно крај – „Samsung Galaxy Note 20“ повеќе не се произведува

Извештаите споменуваат дека „Samsung“ дефинитивно го прекинува производството на својот уред „Galaxy Note 20“.

„Samsung“ не ја обнови својата телефонска линија „Note“ во текот на 2021-ва година. Наместо тоа, јужнокорејската компанија одлучи да обезбеди поддршка за „S-Pen“ за „Galaxy S21 Ultra“ и „Galaxy Z Fold 3“.

Гласините исто така сугерираат дека претстојниот „Galaxy S22 Ultra“ ќе биде „Galaxy Note“ во скоро сите карактеристики, освен во името.

Сега „ET News“ известува дека производството на телефонот „Samsung Galaxy Note 20“ е завршено, а ресурсите ќе бидат пренасочени кон флексибилните уреди и линијата телефони „S22“.

Се разбира, во текот на изминатите неколку месеци, сите знаци укажуваа на овој развој.

Од друга страна, овој потег на „Samsung“ би имал смисла. Првично, серијата „Note“ ги помести границите и го вклучи првиот популарен телефон кој беше објавен со значително поголем екран од тогашниот стандард од 3,5 инчи.

Со текот на годините, како што екраните на телефонот стануваа се поголеми и повообичаени, единствената ставка што ги одвојуваше „Note“ и најголемиот телефон „Galaxy S“ беше поддршката за паметното пенкало „S-Pen“. Во текот на 2021-ва година, поддршката за „S-Pen“ беше имплементирана во повеќе модели на телефони, што сугерира дека постоењето на серијата „Note“ повеќе не е неопходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП