19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈААвтобусот што изгоре користел лиценца од друго возило на „Беса транс“

Автобусот што изгоре користел лиценца од друго возило на „Беса транс“

Опожарениот автобус, кој учествуваше во сообраќајната несреќа во Република Бугарија, не е пријавен од сопственикот во електронската база на податоци на Министерството, а со тоа не побарал извод од лиценца за ова возило.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека автобусот што изгоре користел лиценца од друго возило на „Беса транс“.

„Бројот 22679, со кој шпекулираат одредени медиуми, а кој бил користен од опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило, со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот ‘Беса транс’. Тоа подразбира дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и лиценца од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај“, велат од Министерството за транспорт и врски преку соопштение.

Од тука повторија дека за опожарениот автобус превозникот немал извадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници и овој автобус не е евидентиран во електронската база на Министерството за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски претходно му ја одзеде лиценцата на вршење дејност на превозникот „Беса транс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП