Во рамки на програмата „ЕВН Волонтира“, вработени од ЕВН Македонија спроведoa волонтерски проект за едукација на млади во врска со историјата на развојот на електрична енергија. Проектот се реализираше во просториите на изложбениот центар на ЕВН „Матка“, а групата од дваесеттина млади се штитеници на Дневниот центар за деца при Здружението за заштита на правата на детето. Изложбениот центар за електрична енергија „Матка“ овозможува поголема едукација и преку интерактивни експонати ја раскажува историјата на електричната енергија во земјата, како и промените што настанале со електрификацијата. Истовремено, преку иновативен мултимедијален пристап, експонатите нудат уникатна можност за едукација и интеракција.
ЕВН Македонија со оваа волонтерска акција се приклучи кон иницијативата на здружението „Сошл Фрајдеј“ која има за цел да ги претвори петочните попладневни часови во општествено одговорни практики, со тоа што вработени кои работат во канцеларии излегуваат на терен и реализираат волонтерски акции за доброто на локалните заедници.



