20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСАСА ја продолжува поддршката за одржливост на рибниот фонд во езерото Калиманци

САСА ја продолжува поддршката за одржливост на рибниот фонд во езерото Калиманци

Благодарение на финансиската поддршка што ја обезбедува Рудник САСА, Здружението на риболовци – Спортски клуб „Шаран“ спроведе акција за обнова и дополнување на рибниот фонд во езерото Калиманци.

Во рамки на најновата акција денеска беше извршено порибување на езерото со околу 1500 килограми крап, а најавено е и дополнително порибување со околу 500 килограми, што ќе биде спроведено во наредниот период.

Најновото порибување на езерото се изврши во присуство на претставници од Државниот инспекторат за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од рудникот САСА.

Оваа активност е дел од повеќегодишната соработка помеѓу САСА и здружението „Шаран“, преку која рудникот обезбедува финансиска средства за набавка на рибен подмладок и порибување на езерото Калиманци, како и за функционирање и реализација на активностите на ова здружение.

Оваа поддршка е дел од проектите што САСА ги спроведува во континуитет, а се наменети за поддршка на локалната заедница, заштита и унапредување на животната средина и одржливиот развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП