18 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМарк Цукерберг има нова мисија!

Марк Цукерберг има нова мисија!

mark_zuckerberg_hd_wallpapers_images

Откако „Google“ неодамна го започна проектот за овозможување на интернет и на недостапните места со помош на балони опремени со антени, a сличен проект започна и Марк Цукерберг.

Имено „Facebook“ во соработка со „Nokiа“, „Operom“, „Qualcommom“, „Samsung“, „MediaTeс“ и „Ericsson“ започна со развој на технологија за компресија на податоците и нови паметни телефони што би резултирало со поевтин и подостапен интернет. Особено во земјите кои се во развој.

Идеата е да се намалат трошоците и количината на податоци кои се потребни за стартување на апликација што ќе им овозможи нови бизнис модели за развој на интернетот.

„Веќе десет години мојата мисија е да го поврзам светот. Моментално поврзуваме повеќе од милијарда луѓе, но за да ги поврземе останатите пет милијарди, мораме да решиме поголем проблем. А тоа е што поголемиот дел од луѓето немаат пристап до интернет. Мислам дека тоа е еден од поголемите предизвици на нашата генерација“, објави Цукерберг на својот „Facebook“ профил.

Извршниот директор на „Nokiа“, Штефен Елоп смета дека овозможувањето на пристап на интернет на сите луѓе во светот е „следната индустриска револуција“, а извршниот директор на „Ericsson“, Ханс Вестберг верува дека нивниот проект ќе ги подобри човечките животи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП